Skip to main content

ВРЕДИ: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: Кој ќе одговара за 14 жртви во модуларната болница

По вчерашната реакција на ВРЕДИ, очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Одговор не добивме. Пред трагедијата во која во Тетово загинаа 14 лица, нивниот молк продолжува, се наведува во соопштение на ВРЕДИ.

Од партијта додаваат дека во меѓувреме, се отвораат уште повеќе прашања за начинот на кој Обвинителството дошло до заклучокот да ја затвори постапката за јавните набавки за 19-те модуларни болници. Ислам Абази, кој денес раководи со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и треба пред јавноста јасно и целосно да објасни како е донесен ваков епилог.

Од друга страна, Али Ахмети не може да се однесува како ова прашање политички да не ја засега ДУИ. Трагедијата се случи во периодот кога неговата партија беше на власт, а денес, по пет години истрага, семејствата на жртвите сè уште се соочуваат со голем број неодговорени прашања.

Вчера побаравме одговори. Денес бараме уште поголема транспарентност. Затоа што затворањето на една постапка не ги затвора прашањата, а молкот на Али Ахмети не ја затвора политичката одговорност.

ВРЕДИ ќе продолжи да го држи ова прашање отворено пред јавноста, сè додека не се добијат јасни одговори за 14-те изгубени животи во Тетово“, велат од ВРЕДИ.

Поврзани вести