
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ќе продолжи да ги урива сопствените рекорди по бројот на телевизиски појавувања и тврди дека негова работа е да го прави тоа бидејќи е претседател на државата.
Тоа го правев за време на сите мои мандати – како премиер, како прв потпретседател и како претседател на Републиката. И ќе продолжам да го правам тоа. Оној момент кога ќе поднесам оставка, нема да бидам на телевизија…и тоа ќе биде непосредно пред изборите“, изјави Вучиќ, одговарајќи на прашања на новинари.
Овој месец Вучиќ веќе имаше 64 телевизиски вклучувања во живо, со што го собори својот личен рекорд од март 2025 година кога имаше 61 вклучување, објави претходно Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА).

Македонски


