Skip to main content

Уапсени 11 возачи за безобѕирно управување со возило, еден направил и сообраќајка

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници уапсиле 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, од кои осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот. 

Поврзани вести