Skip to main content

Подгответе се: Вечерва почнува Премиер лигата

 Со вечерашниот дуел меѓу првакот Арсенал и повратникот во Премиер лигата Ковентри стартува новата сезона во најквалитетната англиска лига – Премиер лигата. Одбраната на титулата за популарните „топџии“ е секако прва цел сезонава, но погледите ќе бидат насочени и кон Лигата на шампионите пехар што актуелниот англиски првак го нема освоено.

По низата промени во составите Арсенал оправдано важи и за најголем фаворит за титулата, особено што Манчестер Сити го нема веќе Пеп Гвардиола, а Ливерпул сезонава ја почнува со нов менаџер Андони Ираола. Манчестер Јунајтед и Челзи по неколку сезони ќе се обидат да бидат конкуренти за титулата, но неизвесно е колку ќе можат да постигнат, додека Астон Вила, па и Тотенхем имаат свои сметки.

Вечерашниот дуел Арсенал – Ковентри почнува во 21 часот.

Утре играат: Хал – Манчестер Јунајтед, Евертон – Кристал Палас, Ипсвич – Сандерленд, Нотингем Форест – Лидс и Брентфорд – Тотенхем.

Во недела на програмата се дуелите: Брајтон – Астон Вила, Манчестер Сити – Борнмут и Њукасл – Ливерпул, додека последниот дуел Фулам и Челзи го играат во понеделник.

Поврзани вести