Skip to main content

Мицкоски: Мала Преспа е доказ дека границите не можат да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност

Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но, не можат да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност, порача на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, што се одржува денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец. 

Со особена чест денес сум меѓу Македонците од Мала Преспа и како покровител на фестивалот ја испраќам пораката дека Македонија е со вас. Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција, затоа што нашето наследство не е само спомен од минатото, туку богатство што го градиме и за идните генерации. Нека трае македонскиот збор, нека трае македонската песна, нека трае врската меѓу Македонија и Македонците од Мала Преспа – порачува претседателот на Владата.

Поврзани вести