Skip to main content

САД почна со депортација на мигранти во Либерија: Испратени првите 20 од планираните 1.200 за таа земја

САД депортирале 20 мигранти во Либерија, како дел од новиот договор според кој западноафриканската земја ќе прими 1.200 мигранти.

Депортираните мигранти пристигнале на меѓународниот аеродром Робертс во близина на Монровија. Договорот меѓу Либерија и САД е еден од најголемите што вклучува депортации во трета земја, поттикнат од политиката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп против имиграцијата.

Во 1.200 депортирани се африкански државјани, но и државјани на Cеверна Америка, Јужна Америка и Карибите, рече либерискиот министер за информации Јеролинмек Пиах.

Во многу случаи, мигрантите се депортирани во земји во кои никогаш не биле или каде што се соочуваат со безбедносни ризици и не им останува друг избор освен да се вратат во нивните земји од кои побегнале, јавија американски медиуми.

Поврзани вести