
По застојот со корона-пандемијата, луксузниот пазар повторно расте, но неговиот купувач се менува. Статусот и видливото лого ја губат моќта, а времето, здравјето, долговечноста, квалитетот и искуствата стануваат нова валута на престижот. Во исто време, најбогатите клиенти стануваат сè поважни за индустријата, а генеративната вештачка интелигенција од технолошки експеримент се претвора во нов начин на откривање и купување луксуз.
Кога ќе се каже луксуз, долго време сликата беше прилично едноставна: скапа чанта, часовник, автомобил, накит или облека со препознатливо име. Луксузот требаше да биде видлив. Требаше другите да го препознаат. Но тој модел постепено се распаѓа. Последното истражување True-Luxury Global Consumer Insights 2026 на Boston Consulting Group (БЦГ) и Altagamma покажува дека луксузниот потрошувач денес сè почесто бара нешто што не може да се измери само со логото или цената, а кој го пренесува и хрватски „Пословни дневник“.
Истражувањето опфаќа повеќе од 10.000 испитаници на 11 пазари, повеќе од 100 прашања и 26 категории луксуз. Дополнително, BCG и Altagamma спровеле повеќе од 100 AI-поддржани интервјуа со луксузни потрошувачи, како и разговори со повеќе од 20 експерти и повеќе од 20 директори и извршни лица од индустријата.

Време, здравје, долговечност, благосостојба, квалитет на живот
БЦГ и Altagamma заклучуваат: „Новата валута на луксузот се времето и здравјето“. Извештајот ја опишува оваа промена со уште една силна формула: „Од покажување кон чувство дека живееш подобро“.
Оваа промена особено се гледа кај најбогатите клиенти. BCG ги издвојува таканаречените Top Tier Clients – луѓе што годишно трошат најмалку 50.000 евра на личен и искуствен луксуз. Во 2015 година имало речиси 400.000 вакви купувачи. Во 2025 година бројот достигнал приближно 700.000. Но, уште поважна е нивната потрошувачка. Во 2015 година тие трошеле речиси 122 милијарди евра. Во 2025 година потрошувачката достигнала 261 милијарда евра. Нивниот удел во вкупната потрошувачка на луксуз пораснал од 14 на 24 проценти. Просечниот Top Tier-клиент денес троши речиси 420.000 евра годишно на личен и искуствен луксуз.
Тоа ја менува и логиката на потрошувачката: за клиент што годишно троши стотици илјади евра на луксуз, прашањето повеќе не е само што да купи, туку што дополнително може да му го подобри животот и благосостојбата како нови форми на луксуз“.
Производот сè уште е крал, ама без лого
Но извештајот предупредува дека новиот луксуз не значи дека луѓето престанале да сакаат добри производи. БЦГ покажува дека дизајнот и естетиката, занаетчиската изработка и квалитетот, како и безвременоста и трајната привлечност се трите најважни фактори при купување. На спротивниот крај е видливоста на логото – таа е на последното, 18-то место од 18 фактори.
Тоа значи дека купувачите повеќе ги интересира квалитетот и вредноста на производот отколку тоа колку големо е испечатено логото.
Со истражувањето паѓа и уште еден мит – дека најбогатите купувачи не се грижат за цената. 70-ина проценти од потрошувачите во одреден момент се откажале од купување луксузен производ затоа што сметале дека цената не е оправдана.
И затоа во иднина високата цена сама по себе нема да биде доволна.
Исто се случува и со модните ѕвезди. Дури 56 проценти од аспирациските купувачи велат дека не знаат или едвај знаат кој е креативниот директор на брендовите што ги купуваат. Секако дека повеќето сè уште купуваат луксузни добра поради креативниот директор или брендот.
А потоа доаѓа AI
Ако здравјето е новата валута на луксузот, генеративната AI е технологијата што може да го промени начинот на кој потрошувачите доаѓаат до таа вредност.
„AI е тука за да остане со луксузните потрошувачи“, заклучуваат од ВЦГ
Според истражувањето, 79 проценти од испитаниците веќе користат GenAI за истражување луксуз или би сакале да ја користат за таа цел. Најчесто ја користат за информации за брендови и производи, препораки, вредност и цена и споредба на производи.
Најчесто преку AI се истражуваат чанти и кожени производи и часовници – по 22 проценти, а потоа патувања и гостопримство со 14 проценти.
Тука се гледа уште една суштинска промена. Потрошувачот повеќе не ја користи AI само за да добие информација. Тој бара препорака, а потоа ги споредува опциите. AI добива доверба. Според истражувањето, GenAI има ниво на доверба речиси на исто ниво со препораките од пријатели и познајници, а двојно поголема доверба од социјалните мрежи и инфлуенсерите.
Луксузот се враќа
Глобалниот пазар на личен луксуз во 2024 година паднал за речиси 1 процент по силниот постпандемиски раст. BCG периодот 2024 – 2025 го опишува како своеобразен reset на пазарот. Во 2026 година се очекува повторен раст од 2 до 5 проценти, а за периодот 2026 – 2029 BCG прогнозира просечен годишен раст од 4 до 7 проценти. Тоа е повторно блиску до темпото што индустријата го имала пред пандемијата.
Уделот на прекуграничната продажба се намалува од речиси 50 на под 30 проценти, а купувањето од локални пазари станува поважно. Еднократните купувачи се намалуваат од 60 на 40 проценти, што значи поголемо значење на повторливите клиенти.
Тоа практично значи дека луксузните компании повеќе не може да сметаат само на туристите што ќе влезат во бутик во Париз, Милано или Лондон. Токму во тој премин кон животен стил се отвора и просторот за здравјето и долговечноста

Македонски


