
Градот Скопје ќе спроведе нова акција за дезинсекција против комарци на целото подрачје на градот, при што третирањето ќе се врши и од воздух и од земја.
Авионската дезинсекција е планирана за 20 и 21 август, во раните утрински часови, објави 4news.mk
Потоа, од 23 до 26 август, ќе се спроведува терестична дезинсекција. Прскањето од земја ќе се врши во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.
Од Град Скопје информираат дека реализацијата на дезинсекцијата ќе зависи од временските услови. Доколку тие не дозволуваат спроведување на третманот, активностите ќе бидат одложени за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истите предвидени термини.
Градските власти упатуваат и апел до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Македонски


