
На пленарната средба во Вила „Охрид“Чешкиот министер за надворешни работи Мацинка нагласи дека членството на Македонија во ЕУ е приоритет за Чешка и дека земјата е подготвена да го сподели сопственото искуство од пристапниот процес.
– Членството на Македонија во Европската Унија е приоритет за Република Чешка. Тоа е во наш заеднички интерес, Европската Унија да се прошири со земјите коишто поминуваат низ пристапните преговори, токму на ваков начин како што тоа го прави вашата земја. Нашиот процес за пристапување не беше едноставен, траеше долго. Ние во текот на тој процес не ги направивме сите работи правилно, па имаме многу искуство коешто можеме да го споделиме, за да не ги повторувате грешките коишто ние ги направивме. Но, низ цело тоа време сакавме да ја промениме нашата земја за да биде членка на Европската Унија. Требаше да имаме некој однатре којшто може да зборува со ист јазик, којшто има ист поглед кон светот како нас, кој ги разбира работите во Европската Унија. Сега ние сме во ситуација кога сме членки на Европската Унија, но го уверувам министерот Муцунски и сите останати претставници на Македонија дека ние сме навистина пријателска земја – нагласи Мацинка.

Македонски


