
Американскиот претседател Доналд Трамп настојува пред своите помошници за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун оваа есен, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски официјални лица.
Трамп разгледувал опции за организирање средба лице в лице со Ким Џонг-ун за време на неговото следно патување во Азија, кое би можело да се одржи во ноември за самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во кинескиот град Шенжен, кој се граничи со Хонг Конг, објави весникот.

Македонски


