
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре во официјална посета на земјава ќе престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка.
Во рамки на посетата, денеска во Охрид ќе се одржат билатерална средба меѓу министрите Муцунски и Мацинка, како и пленарна средба меѓу официјалните делегации на двете министерства.
По билатералната и пленарната средба, министрите Муцунски и Мацинка ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите во Вила „Охрид“

Македонски


