Skip to main content

До 18 часот 11 активни пожари, а три под контрола

До 18 часот денеска регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во:

Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума).
Општина Зелениково: с. Добрино и Тисовица (шума со даб и габер).
Општина Сарај: с. Бојане (мешана шума).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општини Јегуновце и Сарај: с. Копанце и с. Туденце во Општина Јегуновце, со проширување кон с. Бојане во Општина Сарај (мешана шума).
Општина Прилеп: с. Чаниште, со два крака – едниот кон с. Зовиќ, а другиот кон с. Крушевица (ниска вегетација).
Општина Старо Нагоричане: с. Сув Орах (шумски пожар, зафатена е и куќа).
Општина Гостивар: с. Ѓоновица (нискостеблеста вегетација).
Општина Јегуновце: с. Копанце и с. Туденце (ниска вегетација).
Општина Тетово: с. Фалиште (ниска вегетација).
Општина Арачиново: с. Орланци (депонија).

Под контрола се пожарите се:

Општина Делчево: Делчево (депонија).
Општина Долнени: с. Дебреште (депонија).
Општина Могила: с. Мусници (ниска вегетација).

Изгаснати се пожарите во:

Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација).
Општина Кратово: с. Железница (депонија).
Општина Ранковце: с. Ветуница (ниска вегетација).
Општина Велес: кон с. Карабуњиште и с. Бузалково, како и селата Добрино и Тисовица (нискостеблеста вегетација).
Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација).
Општина Зелениково: с. Палиград (ниска вегетација и шума).
Општина Штип: с. Љуботен (нискостеблеста вегетација).
Општина Долнени: с. Средорек (ниска вегетација).
Општина Ѓорче Петров: с. Волково (ниска вегетација).
Општина Ѓорче Петров: с. Волково (ниска вегетација).
Општина Сарај: с. Рашче (ниска вегетација).
Општина Сарај: м.в. Лака (ниска вегетација).
Општина Аеродром: бул. „Киро Глигоров“ (отпаден материјал).

Поврзани вести