Претседаеот на Србија, Александар Вучиќ, смета дека Украина е најблиску до членство во ЕУ. Вучиќ, ваквата изјава ја даде по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Според Вучиќ, веројатноста на Украина да влезе во Европската Унија е последица на политички причини.
Разговаравме за мирот во Украина, разговаравме и за некои работи на европскиот пат што ги имаме и ние и тие. Така најдовме одреден заеднички именител“, ги сподели Вучиќ резултатите од комуникацијата со украинскиот претседател.
Србија, како и Украина, има статус на кандидат за членство во ЕУ.