
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ денеска ќе го има вториот настап на Европското првенство во пливање во Париз. Тој ќе настапи во квалификациите на трката на 400 метри слободно и ќе плива во втората група од седум групи.
Ѓуретановиќ на шампионатот е пријавен со неговиот најдобро постигнато време во декември 2025 година постигнат во Ниш – 3:57.75 минути. Воедно ова е македонски рекорд на 400 метри слободно.
Ѓуретановиќ во четвртокот настапи и во квалификациите на 200 метри слободно кога успеа да постави нов национален рекорд соборувајќи го 30 години стариот рекорд на Александар Маленко од ЕП за јуниори во Копенхаген.

Македонски


