Skip to main content

Игор Неделковски избран за претседател на боречки клуб Вардар 1961

Pixabay / Илустрација

На редвното изборно собрание на Боречкиот клуб Вардар 1961, Игор Неделковски е избран за претседател.

Во трнерскиот состав се Боби Стефковски, како Шеф на стручниот штаб и Кристијан Славевски.

Дисциплинската комисија ја сочинуваат Филип Илиев и Марко Стојановски.

При гласањето, 17 членови гласале „за“, додека 7 биле „против“.

Во завршните зборови, новоизбраниот претседател на БК Вардар 1961, Игор Неделковски, им се заблагодарил на сите членови на клубот за присуството и поддршката. Тој порачал дека вратите на БК Вардар 1961 се отворени за сите членови, без разлика на тоа дали го поддржале неговиот избор или имале поинаков став.

Поддршка од спонзори

По случувањата и изборот на новото раководство, до клубот се јавиле и неколку компании кои изразиле желба да го поддржат клубот во идниот период.

Како компании кои најавиле поддршка се наведуваат „Godam Engineering“, како главен спонзор, како и „Duo Transport“, „Polar Pizza Grill“ и Пекара „Памукче“.

Поврзани вести