Skip to main content

Три нови странски инвестиции оваа есен во Македонија

илустрација

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници. 

Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е од Германија, едниот од САД, а третиот прави проширување на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа есен, сите три ќе потпишат договори. Сите три се во фаза на реализација, се пеглаат последните, би рекол точка-запирка делови од договорите, и очекувам веќе на наредните владини седници тоа да помине и наесен јавноста да биде запознаена, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на спортската сала во подрачното училиште во Кисела Вода.

Поврзани вести