Skip to main content

Дете на четирицикл се судрило со автомобил

Вчера во 16:00 часот во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, В.С.(41) од с.Дебреше
пријавила дека на 12.08.2026 нејзиното малолетно дете, управувајќи четирицикл без возачка дозвола, учествувало во сообраќајна незгода со патничко возило на патот Гостивар–с.Градец и напуштило местото, по што таа во полициска станица го донела четрициклот.

По насоки на Јавен обвинител, четирициклот е одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти денеска СВР Тетово.

Поврзани вести