
Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје 35-годишна жена пријавила дека претходно вечерта околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Драчево, физички била нападната од нејзиниот 33-годишен сопруг, се наведува во полицискиот билтен.
Исто така, околу 04:30 часот тој пријавил дека во домот, неговата сопруга му упатила закани и физички го нападнала.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонски


