
Македонскиот ѓердан е со ексклузивно право на поседување, само ако си роден МАКЕДОНЕЦ, не може да се купи, да се подари или продаде. Тоа е ѓердан што МАКЕДОНЦИТЕ како дар од ГОСПОД го добиваат со своето рождество, и со БЛАГОСЛОВ ГОСПОДОВ се носи сé до преминувањето во вечен живот, а и потоа.
За жал, има мал број изроди кои ни својот БОГ не го слушаат, па истовремено откажувајќи се од МАКЕДОНСКИОТ ЃЕРДАН се откажуваат и од БОГА и од ВЕРАТА.
Скапоцен и тежок, истовремено го носиме сите и тој е наш патоказ низ вечното заедничко патување низ времето и просторот, нашиот мини космос МАКЕДОНСКИ.
Горната страна ја претставува високо крената главата, со бистар поглед што се разлева како сончев зрак допирајќи далечни само за нас дофатливи хоризонти, силно потпрена врз `рбетот што е столб кој никогаш не се витка, руши или накривува.
На десната страна е силната рака која во мир ја држи мотиката и ја чува земјата дедовина, ја обработува и го храни народот, но не дај БОЖЕ, и непоколеблива е да ја грабне пушката кога некој ќе се обиде да нападне и приграби.
На левата страна бие срцето јуначко, непобедливо и непокорно, и такво однапред ги обесхрабрува и ги одвраќа уште при самата помисла злобниците бројни да ни наштетат.
Долниот дел е најважен, иако многу кривудав, нерамномерен ама внедрен во срцата и душите наши од секој нас препознат и прифатен СОЛУНСКИ АМАНЕТ, УМ и СОВЕСТ за вечни НЕЗАБОРАВ.
МАКЕДОНСКИОТ ЃЕРДАН со своите 77742 скапоцени камења симболично распоредени изгледа совршено иако навидум се чини дека е хаотично распореден, но длабоко во себе ја држи содржината и пораките вечни нерспрскувачки.
Дијамантите доминираат.
Извадени од најдлабоко во земјата, близу до земјиното јадро, ја симболизираат цврстината, нескршливоста и вечноста на МАКЕДОНСКИОТ ДУХ, извлечен од најдлабокото битие МАКЕДОНСКО.
После нив, за вечно паметење и потсетување, во голем број се застапени македонските црвени рубини што ја симболизираат пролеаната крв на олтарот за слобода и за независна МАКЕДОНИЈА, натопена како ниедна друга со најблагородната животодарувачка течност што ја облагородува земјата да биде уште поплодна и раѓа нови синови јунаци.
Смарагдите наредени на ЃЕРДАНОТ го истакнуваат зеленилото подарено на луѓето од високите гори, пасишта и паркови.
Аквамаринот со сите свои нијанси на сината боја како да сака наште души да ги капе во повеќето од 50те езера, бистри реки и потоци за повторно и одново покрстување на секој МАКЕДОНЕЦ.
Тука е секако и единствениот АЛШАРОТ кој што го бара МАКЕДОНЕЦОТ за брат, единствен на светот како него зошто не го заслужува.
Алшарот, Сонцето и МАКЕДОНЕЦОТ заедно.
Ги има сафирите, топазите, килибарите, жолти како зраците жита и пченицата СЛАВСКА на богоугодниот НАРОД МАКЕДОНСКИ.
Небројни се и зрната бисери Охридски, кои според преданието се солзите на младите моми, туку што свршени, а никогаш армасани, престарени моми чекајќи ги своите либина да се вратат живи и здрави, херои бранители на татковината.
За жал многу останати во студените необележани или заеднички гробници, или пак малку посреќните како јунакот Јордан кој во војна заминал како обичен редов а се вратил капетан, па љубената не го препознала од тешките рани и лузни и долго поминати денови, месеци, години на разделба.
Помеѓу секој скапоцен камен има ниска од сребро што ја симболизира катарзата на нашата вечна борба, седум (7) пати прочистена и билур чиста МАКЕДОНСКА КАУЗА.
Има и златни лири, дукати, форинти, за да се како опомена, рацете држат подалеку од златото во замена за предавствата на својот род, татковина и идеа.
На крај, сета таа композиција МАКЕДОНСКА е проткаена со ликови на МАКЕДОНСКИТЕ СВЕТЦИ и ПРЕРОДБЕНИЦИ кои нé упатуваат на прав пат, ги осветлуваат друмовите по кои се движиме секојдневно низ животот и се верни показатели наши да не се огрешиме.
МАКЕДОНЦИ! Чувајте го ЃЕРДАНОТ МАКЕДОНСКИ чист, непосрамотен, верен содружник зошто друго ни нема.
Чувајте го и КРСТОТ на него, нашиот камен што го носиме и од кој како и нашиот БОГ ИСУС ХРИСТОС се симна, воскресна и седна десно од ГОСПОД и неговото Царство нема да има крај, така и МАКЕДОНИЈА воскресна и седна рамно со сите држави во светот на иста МАСА.
Точно е. Има земји богати, имаат силни армии, природни богатства, модерни оружја, нуклеарни арсенали, бројни и опасни, но се далеку послаби од МАКЕДОНИЈА.
МАКЕДОНИЈА го има најсилното нешто што ниедна држава го нема. Го има ВМРО-ДПМНЕ предводено од лидерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ кој што на себе го носи најтешкиот но и најскапоцениот МАКЕДОНСКИ ЃЕРДАН и е АТЛАС врз кој стои гордо, цврсто, непоколебливо МАКЕДОНИЈА среќна, безбедна и сигурна во својата блескава иднина знаејќи во какви силни раце и на какви столбови се наоѓа.
Подобра, посилна и посигурна стратешка позиција и политичка моќ на одлучување никој до сега не успеал да изгради во било која друга држава во светот како што успеа ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ заедно со ВМРО-ДПМНЕ и својот НАРОД кај нас.
МАКЕДОНЦИ МОИ! По род и вера носете го Вашиот ѓердан скапоцен МАКЕДОНСКИ како што го носи ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.
Тогаш ќе сте сигурни дека ви ПРИЛЕГА и сте го заслужиле за вечни времиња.
ВЕЧЕН МАКЕДОНСКИОТ ЃЕРДАН СКАПОЦЕН со 77742 ДРАГИ КАМЕЊА.
ДОСТОЈНИ! ДОСТОЈНИ! ДОСТОЈНИИИ МАКЕДОНЦИ!

Македонски


