Skip to main content

Снимале голи деца на плажа – во Истра приведени двајца странци

Хрватската полиција привела двајца странски државјани – 58-годишен Швајцарец и 30-годишен Русин, под сомнение дека во два одделни случаи тајно снимале голи деца во туристички објекти во Истра.

Првиот случај бил пријавен на 6 август, кога гости во туристички објект наводно го забележале 58-годишниот Швајцарец како со мобилен телефон снима голи деца. При обид да побегне, тој паднал и се здобил со полесни повреди. Полицијата подоцна кај него пронашла материјал за кој постои сомнение дека е поврзан со кривичното дело.

Истиот ден бил пријавен и втор случај во друг туристички објект. Обезбедувањето кај базенот забележало 30-годишен руски државјанин за кого постоело сомнение дека снимал голи деца. Тој бил задржан до пристигнувањето на полицијата, а при претресот бил пронајден материјал кој дополнително се проверува во рамки на истрагата.

Двајцата осомничени биле приведени, а со кривични пријави биле предадени во притвор.

Хрватската полиција апелира до граѓаните веднаш да пријават какво било сомнително однесување кон деца. На родителите им се препорачува да бидат особено внимателни и да го следат движењето на децата на плажи, базени и други места со голема посетеност во текот на туристичката сезона.

Поврзани вести