
Во натпревар од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Тиквеш извојува висока победа на гостувањето во Куманово над Башкими со 5-0 (2-0).
До својата втора победа во новата сезона, кавадаречкиот прволигаш дојде со головите на Висдом (36 минута), Лавал (42 и 72 минута), Попзлатанов (81) и Ацковски (88).
Вчера, Шкендија Арачиново и Силекс ги поделија бодовите, одигрувајќи нерешено 1-1, а второто коло оло од новата прволигашка сезона ќе биде комплетирано в недела кога бранителот на титулата Вардар го пречекува вицешампионот Шкендија Тетово од 17 часот, а во истиот термин Скопје е домаќин на Струга.

Македонски


