Skip to main content

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички кое превезувало пилиња

Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија.

Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај.

По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. И покрај брзата интервенција, штетата беше голема: значителен дел од товарот беше оштетен, а повеќе од половина од птиците угинаа – објавија медиумите.

Според првичните проценки на противпожарната служба од Лушња, пожарот започнал како последица на технички дефект во системот за климатизација во задниот дел каде што бил товарот.

Истражниот тим продолжува со работата за целосно разјаснување на околностите на инцидентот.

Поврзани вести