Skip to main content

Aктивни пожари во село Грешница, во делчевско и гостиварско

До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село  Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума. 

Поврзани вести