Skip to main content

Тренерот на Шкендија се уште не е пристигнат во Шкотска, има проблем со британската виза

 Македонскиот претставник во УЕФА Конференциската лига Шкендија Тетово вечерва го имаше тренингот пред дуелот со Хибернијан од третото квалификациско коло. Тренерот Артим Положани го „прескокна“ тренингот и прес конференцијата поради проблем со визата.

Од клубот е најавено дека Положани утре ќе биде во Шкотска и на Истер Роуд ќе ја предводи екипата. Тренинг го водеше неговиот помошник Куштрим Вока.

Почетокот на натпреварот меѓу Хибернијан и Шкендија е во 21 часот.

Поврзани вести