Skip to main content

„Македоника литера“ ја објави дебитантската поетска книга „Далечни вистини“ на Ениса Мирто

„Македоника литера“ неодамна ја објави дебитантската поетска книга „Далечни вистини“ на Ениса Мирто. Ениса Мирто (1987, Скудриње) е родена во Македонија, а живее во Тревизо, Италија. Растејќи во прекрасните рекански рустикални предели, уште од најрана возраст ги впива вредностите на семејството, трудољубивоста и почитта кон културното наследство. Нејзиното лирско творештво е одраз на нејзиниот животен пат кој е спој на традицијата и современото, на роднокрајните корени и традиции и влијанијата на историските и цивилизациските белези на средината во која живее. Таа е поет со творечки идентитет обликуван од преплетот на различните култури, јазици и предели што ги носи во себе. Преку своите стихови ги поврзува своите балкански корени со италијанскиот културен простор, создавајќи лирски мостови меѓу минатото, сегашноста и вечноста. Нејзината поезија е длабоко интимна, духовна и метафизичка, свртена кон преиспитување на човековото постоење, тишината, медитацијата и моќта на зборот, поставувајќи си го, уште од детството, основното егзистенцијално прашање: кои сме, каде сме, зошто сме тука, која ни е целта и од каде извираат човековата болка и страдање.

Поезија на Ениса Мирто е исповедна и интимистичка, со длабок исповеден тон, со лирска и мисловна длабочина, наместа меланхолична и силно емотивна. Зафаќа егзистенцијални теми, како лични, така и општочовечки, во прв план ја посочува човечноста кај себе, но и кај другите, со отворена емпатија спрема другите, со споделени чувства и сочувствувања. Засегнува основни суштински аспекти од сопственото опкружување и во песните провејува почитта кон човековите вредности и доблести. Со еден збор, тоа е поезија со длабок и силен лирски сензибилитет.

Поврзани вести