Skip to main content

Соло концерт на Филип Букршлиев вечерва во „Буква“

Џез музичарот Филип Букршлиев ќе одржи соло концерт во „Буква“. Настан ќе се одржи утре, со почеток во 21 часот.

Букршлиев е дел од бројни џез состави, вклучувајќи „Такси конзилиум“, „Строг пост“, „Филип Букршлиев трио“, како и во безбројни комбинации со неговите колеги импровизатори, меѓу кои се Дени Омерагиќ, Кристијан Новковски, Драган Теодосиев – Оцет, Нинослав Спировски, Благојче Томевски, Андреа Мирческа и други.

Минатата недела, Букршлиев издаде три сестрински изданија „Sv. Nikole Sessions Vol. 1-3“, на кои свират различни комбинации од Букршлиев, Благојче Томевски, Дориан Јовановиќ и Драган Теодосиев.

Поврзани вести