
37. ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ГАЛИЧНИК
ГАЛИЧНИК КАКО МЕДИУМ
Галичник
12–19 август 2026
Постојат места што инспирираат уметност. Но постојат и ретки места што самите стануваат уметност. Таков е Галичник.
Веќе 37 години, Ликовната колонија Галичник претставува една од најреномираните традиционални меѓународни уметнички колонии во Македонија. Со повеќе од 400 уметници од земјата и од светот, богата колекција на современа уметност и авторски кураторски концепти, таа одамна прерасна во препознатлива платформа за современа визуелна уметност и меѓународна културна размена.
Годинешен концепт: „Галичник како медиум“
Во 2026 година, Галичник не е само место каде што престојуваат уметниците. Тој станува медиум.
Планината, камената архитектура, светлината, тишината, традицијата, локалната заедница и колективната меморија стануваат активни учесници во процесот на создавање. Наместо да создаваат дела во Галичник, уметниците ќе создаваат со Галичник.
Учесници 2026
Нина Тодоровиќ
Зденко Бужек
Арт Чибукчиу
Клеменс Гахтер![]()
Фук Нгујен
Предраг Терзиќ
Радостин Седевчев
Сами Каваниши
Елпида Хаџи-Василева
Кристина Пулејкова
Отворена програма за посетители
14–15 август – презентации и разговори со уметниците
16 август – традиционална креативна работилница за деца
Ги покануваме сите љубители на современата уметност, културата и Галичник да бидат дел од ова единствено искуство, да ги запознаат уметниците и одблиску да го проследат процесот на создавање на новите дела.
Ликовната колонија „Галичник“ не создава само уметнички дела. Таа создава нови идеи, професионални соработки, културна меморија и трајни врски меѓу луѓето, местото и современата уметност.
Галичник не е само место. Тој е медиум.

Македонски


