Skip to main content

52. ликовна колонија „Куманово 2026“ со ликовни автори од повеќе земји

НУ Музеј-Куманово, под покровителство на Министерството за култура и туризам и Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во комплетна организација на Уметничката галерија и Фондацијата за култура и спорт – Куманово, ќе ја реализира 52 -та, интернационална ликовна колонија „Куманово 2026“ со 13 гости-учесници, ликовни автори од повеќе земји: Хрватска, Србија, Романија, Бугарија и секако од Република Македонија: Александар Џинго, Ферди Булут, Ања Стојадиновска, Ивана Ожетски, Новак Новаковиќ, Бисер Кирилов, Теодора Ракиџиќ, Софија Ракиџиќ, Снежана Мелник, Костин Братеану, Зоита Делиа Калинеску, Емилија Јанциќ и Страхил Петровски.

Колонијата ќе започне со работа на 6 август/2026 година во Комплексот ,,Етно село Тимчевски”, а ќе заврши со изложба на создадената продукција на 10 август 2026 година.

На сите уметници им посакуваме пријатен и креативен престој

Поврзани вести