
Актуелниот европски првак ПСЖ му се приклучи на Јувентус во трката за потписот на голманот на Парма, Зион Сузуки, испраќајќи официјална понуда за јапонскиот репрезентативец.
Италијанските медиуми објавија дека францускиот тим е подготвен да плати 33 милиони евра обесштетувањеза Сузуки.

Јапонскиот репрезентативен голман, кој е роден во Њујорк, се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Серија А откако ѝ се приклучи на Парма, одигрувајќи 57. натпревари во италијанската Серија А.
Голманот на јапонската репрезентација има договор со Парма до 2029 година.

Македонски


