Skip to main content

Џала и Буба концерт за паметење: Охрид го доживеа хип-хоп спектаклот на GOAT TOUR

Преполн Егоист бич бар, илјадници фанови и атмосфера која не стивна речиси три часа – Охрид беше домаќин на третата станица на GOAT TOUR во Македонија.

Џала Брат и Буба Корели приредија спектакуларно аудиовизуелно шоу, исполнето со врвна продукција, сценски ефекти и најголемите хитови од нивниот репертоар, како и песните од актуелниот албум GODZILLA.

Публиката ги пееше песните заедно со дуото од почеток до крај, создавајќи атмосфера која долго ќе се памети.

GOAT TOUR е во организација на Music Week, регионалната платформа која стои зад некои од најголемите музички настани.

По трите успешни концерти во Македонија, два во Скопје и еден во Охрид, GOAT TOUR продолжува со својата регионална турнеја.

Фото: Димитар Бирачоски