
На 19-ти август 2026 година, со почеток во 21:00 часот, НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес – Мала сцена ќе биде домаќин на „Пијан Славеј“ трио и нивниот концертен перформанс насловен „Нудист“.
„Пијан Славеј“ е авторски музичко-поетски формат на Бранислав Николов, заедно со Пеце Брада Трајковски и Славчо Јовев (тројцата членови на култната група „Фолтин“). Во срцето на овој проект е идејата да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век. Нивниот израз носи специфична драма, силна емоција и инспирација.
Сценски состав:
Бранислав Николов – глас, гитара
Пеце Брада Трајковски – електрична гитара, синтисајзер
Славчо Јовев – тапани
За бендот:
Групата е формирана кон крајот на 2021 година. Првиот настап го имаат на скопскиот „OFFest“, а веќе наредната година „Скопскиот џез фестивал“ го издава нивниот прв и епонимен мини-албум. Триото зад себе има успешни настапи на „Д-фестивал“ во Дојран, фестивалот „Druga Godba“ во Љубљана, „Српската ревија на македонскиот филм“ во Белград, „Д-фестивал“ во Штип, „Бош фестивал“ во Струмица, „Поетскиот слем“ во Прилеп, како и на други значајни фестивали во земјава. Во 2024 година, „Скопскиот џез фестивал“ го издава и нивното второ студиско издание насловено „Нудист“, чиј материјал ќе биде изведен пред велешката публика.
Информации за настанот:
Датум: 19 август 2026 година (среда)
Час: 21:00 ч.
Локација: НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес – Мала сцена
Влез: Слободен
Бесплатните влезници за концертот ќе може да се подигнат од билетарницата на НУ Театар „Ј.Х.К. Џинот“ почнувајќи од 17.08.2026 година.

Македонски


