Skip to main content

Кумановец беснеел во Итната помош

Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.К.(35) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден, околу 16:00 часот упатувал закани кон вработени во Итната медицинска помош Куманово.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Во македонското законодавство, со законските измени на Кривичниот законик, нападот, физичкото насилство, сериозните закани, навредите или малтретирањето на лекар или друг здравствен работник при вршење на нивните професионални задачи се изедначуваат и се третираат како напад врз службено лице.

Поврзани вести