Skip to main content

Нема нови случаи на западнонилска треска

До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања.

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен епидемиолошки надзор и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија, се наведува во соопштението од ресорното Министерство. 

Поврзани вести