Skip to main content

Рекордни над милијарда евра вложени во здравството годинава

Здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, трпение, но најмногу од сè бара пари, затоа што тоа што е уништувано со години, да бидам попрецизен со децении, за жал преку ноќ не можеме да го исправиме, изјави премиерот Мицкоски за време на денешната посета на ЈЗУ Клиничка болница во Битола.

Претседателот на владата потсети дека оваа година во здравството се инвестирани повеќе од една милијарда евра.

Како Влада оваа година рекордно издвојуваме, повеќе од 1 милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги. Морам да признаам дека сè што можеме да направиме од страна на Владата во периодот што помина и тој што следи ќе го направиме. Ваков тип на проекти за мене импресионираат. Но, ова е само почеток, целта ни е целосно реновирање. Одиме чекор по чекор до екипирање и од човечки капацитет, но и од оној другиот ресурс преку опрема, апаратура неопходни за да се дадат здравствените услуги на граѓаните, она што им е потребно. Досега успеавме дел од тоа што недостасуваше да го обезбедиме, но и отсега со несмалена динамика ќе продолжиме во таа насока, нагласи премиерот Мицскоски.

За врема на посетата на битолската Клиничка болница, ретседателот на македонската Влада беше информиран за инвестициите во таа јавна здравствена установа.

Во периодот што следи нè очекуваат уште поголеми предизвици, но ние како Влада сме цврсто ориентирани да направиме современо здравство коешто ќе одговори на потребите на граѓаните во било која смисла. Така работевме ќе повторам досега, така планирам и понатаму да работиме, нагласи Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски во придружба на министерот за здравство Сашо Клековски денеска во Битола присуствуваа на промоција на новиот влез во ЈЗУ Клиничка болница, како и нова апаратура за потребите на таа здравствена установа.

Поврзани вести