Skip to main content

Тешко повреден работник од беровско, врз него паднало дрво

Вработен во „шумско“ во Берово е повреден откако врз него паднало дрво. 

– Вчера во 14:10 часот во ОВР Берово било пријавено дека при извршување работни задачи за ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Мелешево“-Берово, со тешки телесни повреди се здобил вработениот С.Ј.(61) од село Митрашинци, беровско. Според пријавеното, околу 08:00 часот на место викано „Беровско езеро“, С.Ј. бил со уште двајца колеги и во еден момент се доближил до приколка, каде што еден неговите колегите вршел утовар на дрва и сакал да помогне, едно од дрвата се лизнало од приколката и паднало врз ногата на С.Ј., информираа од полицијата. 

Тој бил пренесен во болницата во Кочани каде што му била укажана помош.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршиле полициски екипи.

Поврзани вести