Skip to main content

Поради џефата на Илире Даути и Зијадин Села порано заврши седницата за пратенички прашања

Македонското Собрание ја заврши седницата на која требаше да се поставуваат пратенички прашања. Таа, како што беше најавено продолжи во 17:10 часот, но по барањето за пауза од еден час од Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Карапејовски, потпретседателката на Собранието Весна Бендевка рече дека седницата ќе заврши бидејќи со тој еден час пауза ќе се излезе од рамките на редовната работа до 18 часот.

Процедуралното е врз основа на член 87 став 2 со оглед на тоа што овој ден помина така како што помиина и процедуралното апсолутно беше злоупотребено, тензиите во Собранието непотребно се кренаа, се исполитизира цела работа бараме еден час пауза, рече Карапејовски

Потоа Бендевска тука ја заврши 113. седница.

Со оглед на тоа што ќе навлеземе над времето предвидено за одржување на седници тука ја завршувам седницата, рече потпретседателката на Собранието. 

Претходно Бендевска во 16 часот даде еден час пауза, откако пратеничката Илире Даути повторно побара збор за процедурална забелешка, а потпретседателката на Собранието констатираше дека трипати го прекршила членот 98 од Деловникот кој овозможува процедурална забелешка и ги уредува причините за кои се дава збор. Вие, и рече Бендевска на Дауити, немате забелешка на водењето на седницата, а токму за тоа служи процедуралната забелешка. Седицата требаше да продолжи во 17:10 часот. 

Седницата и претходно беше прекинувана, и прво беше најавено дека ќе продолжи во 16 часот, а во најавата Бендевска на почетокот на седницата информираше дека пратеничката Даути добила одговор на нејзиното поставено прашање, со што како што посочи, сите недоразбирања во претпладевниот дел на седницата, се завршени.

​Согласно член 99, на седницата на Собранието никој не може да говори пред да добие збор од претседателот на Собранието. ​Манипулирањето со институтот процедурална забелешка мислам дека е навистина претерано, со оглед на тоа што правото за процедурална забелешка на секој пратеник завршува кога го повредува правото на друг пратеник согласно Устав да поставува прашања до претставници на Владата кои се тука тука присутни. Затоа ве замолувам да се исклучите за да почнеме да продолжиме со работа, рече Бендевска по што објави пауза до 16 часот.  

Ппратеничката Илире Даути од партијата Албанска лига, заедно со лидерот на партијата, Зијадин Села ја блокираа денешната седница за пратенички прашања. Даути бараше одговор за Предлог-законот за правична застапеност бидејќи се уште не добила никакво писмено објаснување од премиерот Христијан Мицкоски кому му го испратила прашањето. Истакна дека денешната седница мора да се прекине доколку не се одговори на прашањето.

Даути повеќепати процедурално бараше денеска да излезе и да ѝ одговори на одамна поставеното пратеничко прашање, потоа процедурално збор побара и пратеникот Ријад Шаќири од АА. Откако пратеничката не сакаше да ја напушти говорницата, лидерот Зијадин Села застана до неа по што Гаши даде половина час пауза за да се смири ситуацијата.

Прашање до премиерот во претпладневниот дел од седницата постави само пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче. 

Поврзани вести