
На 8 Август со почеток од 19:30 часот во паркот ДИНЌУТ во Гевгелија, ќе се одржи кино на отворено со проекција на филмот Диџеј Ахмет (2025), долгометражниот игран филм на Георги М. Унковски.
Приказна за Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка која веќе е ветена на друг.
По проекцијата следува целовечерна музичка селекција со ШефШеф и Монго и Омару.Некому познати како Мирон и Марко, дуото Монго и Омару суптилно почнува да испливува на површината на македонската електронска музичка сцена. Во изминатите три години се истакнуваат како едни од најверсатилните во новиот бран скопски селектори со повеќе клупски, фестивалски и радиски излагања, како и преку соработка со дел од новите музички колективи на локалната сцена во делот на организацијата нанеколку независни јавни и under-the-radar журки во градот.
Теодор Симоновски (шефшеф) е радио водител и ди-џеј од Скопје. Дел е од алтернативното радио Канал 103, каде ја води неделната емисија ЅЕНЅ посветена на денс музика.
Осмото издание на фестивалот ЅИРНИ е закажано од 28 септември до 5 октомври, во кафе и филм Котур, домот на АРМ и уште неколку локации низ Скопје.

Македонски


