Skip to main content

Чешка ќе престане да испорачува гранати на Украина кога опозицијата ќе дојде на власт

Чешка ќе престане да испорачува гранати на Украина доколку опозицијата дојде на власт.

Ова го изјави шефот на владата во сенка на најголемата опозициска партија во Чешка, АНО, Карел Хавличек, пренесува изданието „Деник Н“.

Хавличек, кој е и потпретседател на АНО, движењето на поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш, порача дека движењето нема да ја продолжи иницијативата за набавка на муниција за Украина доколку влезе во владата.

Нема да ја продолжиме иницијативата за муниција. Апсолутно не“, порача Хавличек.

Поврзани вести