
Од Министерството за здравство денеска информираа дека уште 300 приватни специјализанти ќе добијат можност за вработување до крајот на 2026 година.
Тоа значи, како што нагласија од Министерството, сигурна иднина за младите лекари, повеќе специјалисти во јавните здравствени установи и поквалитетна здравствена заштита за секој граѓанин.
„Затоа, оваа одлука е многу повеќе од обично вработување. Таа е: инвестиција во младите лекари, одговор на недостигот од специјалистички кадар, зајакнување на клиниките, болниците, центрите за јавно здравје и здравствените домови, гаранција дека вложените јавни средства ќе се вратат преку подобра грижа за пациентите и конкретен чекор против заминувањето на медицинскиот кадар“, истакнаа од МЗ.
Оттаму порачаа дека не ги школуваат нивните лекари за да ги изгубат, туку инвестираат во нив за да изградат подобар здравствен систем за граѓаните.

Македонски



