
Заклучно со 28 јули 2026 година, Фондот за здравствено осигурување исплати 560,9 милиони денари за надоместоци за боледување.
-420,3 милиони денари се исплатени за породилни отсуства, што претставува највисока исплата за породилни отсуства во еден месец.
-140,6 милиони денари се исплатени за останати видови боледувања.
Фондот информира дека нема застој во исплатата на породилните надоместоци. По исполнување на законските услови за првата исплата, надоместоците за наредните месеци се исплаќаат континуирано, по завршување на административната обработка, контролата и одобрувањето на предметите.
Кај останатите видови боледувања, покрај обработката и контролата, законски предуслов за исплата е да бидат уплатени придонесите за месецот за кој се исплаќа надоместокот.
Фондот останува посветен на навремена обработка на предметите и континуирана исплата на средствата, со цел осигурениците непречено да ги остваруваат своите законски права.

Македонски



