
Во Културниот центар „Култ“ во Охрид вечер во 20 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Ткажалки“ од Александра Јуруковска. Книгата ќе ја претстави писателката и универзитетска професорка Мерсиха Исмајлоска, а стихови ќе чита Марија Филоска.
„Ткажалки“ е прва поетска книга на книжевната критичарка, новинарка и промоторка на културата, Александра Јуруковска. За ова дело таа лани ја доби наградата „Даница Ручигај“ за најдобар необјавен поетски ракописи според Друштвото на писателите на Македонија.

Македонски



