Skip to main content

Милиони го следеа рекордниот лет на неверојатниот Ербас А350, над 24 часа минати во воздух

Компанијата „Ербас“ успешно заврши маратонски тест лет на авионот „А350“ што траеше повеќе од 24 часа и предизвика големо внимание на интернет.

Британските медиуми објавија дека авионот „Ербас А350“, што полета од аеродромот во Мелбурн слета на пистата на „Ербас“ во Тулуз по 24 часа минати во воздух.

Тест летот е клучен чекор во проектот „Санрајз“ на австралиската авиокомпанија „Квантас“, што има за цел да ги опслужи најдолгите комерцијални патнички рути во светот и да ги трансформира долгите воздушни патувања со елиминирање на трансферите помеѓу Австралија и Европа.

Специјално адаптираниот авион „Ербас А350-1000ULR“ на австралиски „Квантас“ треба да започне со непрекинати комерцијални летови на линијата Сиднеј-Лондон од 2027 година.

„Ербас“ соопшти дека авионот, што има специјално дизајниран, зголемен резервоар за гориво, останал во воздух 24 часа и 24 минути, за кое време летал 23.075 километри без запирање и слетал на пистата на фабриката на „Ербас“ во Тулуз, југозападна Франција.

Давателот на услуги за следење на летови Flightradar24 изјави дека летот е вториот најследен лет досега на неговите канали, по летот од 2024 година што го носеше ковчегот на покојната кралица Елизабета Втора.

„Квантас“ нарачал 12 модифицирани авиони „А350-1000ULR“, дизајнирани да го поврзат источниот брег на Австралија со Лондон и Њујорк за околу 20 часа. (МИА)

Поврзани вести