Најефикасниот играч во македонската ракометна репрезентација Марко Митев на денешниот натпревар со Австрија, верува во победа на следниот натпревар со Катар.
Добив поштеда се одморив малку. Имав мала повреда на левото рамо. Освоивме бод, но верувам дека со Катар можеме да победиме. Треба да се подготвиме добро. И на овој натпревар имавме поддршка од нашите навивачи, Иако тие беа во помал број во однос на претходните натпревари, сепак ни беа ветер во грб и не понесоа до овој бод.
Митев постигна шест гола во нерешените 29:29 со Австрија во 1. коло од Групата – 2 на ракометниот Мундијал 2025.
Средбата со Катар е в четврток исто така во Вараждин со почеток во 15:30 часот.