Skip to main content

Драматичен меч во Вараждин, Кузмановски со гол во последната секунда и донесе реми на Македонија со Австрија

Во драматичен натпревар и гол на капитенот Филип Кузмановски буквално во последната секунда Македонија одигра 29-29 против Австрија во првиот меч од втората фаза на Светското првенство (СП) кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Во Арена „Вараждин“ во Хрватска Македонија одигра исклучително неизвесен натпревар со завршица во која ние се радувавме.

Македонија во голем дел од мечот водеше, повеќепати и со три гола предност, Австријците се доближуваа, го израмнуваа резултатот, па поведуваа, за на крај да се радуваме на ремито и бодот во групата.

Поврзани вести