Skip to main content

Розга со порака до македонската публика: Да ја повториме магијата и љубовта во Охрид

Остануваат само уште неколку дена до концертот на Јелена Розга во Охрид, а возбудата пред музичкиот спектакл е сѐ поголема. Античкиот театар и годинава, на 29 јули со почеток од 21 часот, повторно ќе биде местото каде што една од најголемите регионални музички ѕвезди ќе приреди вечер за паметење.

По незаборавната атмосфера што ја создаде минатото лето, Розга повторно доаѓа во градот кој, како што и самата вели, има посебно место во нејзиното срце. Во видеопораката упатена до македонската публика, таа не го крие нетрпението повторно да застане на истата сцена.

Охрид е толку магично место, се радувам за 29-ти, да ја повториме таа магија и љубовта. Ќе има емоција, ќе има забава… многу се радувам. Репертоарот ќе го сочинуваат песни од почетокот на мојата кариера, па сѐ до денес. Едвај чекам да дојдам во Охрид, да гледам во онаа убавина, да се напијам кафенце, сокче, малку да се опуштам, па потоа да појдам до Античкиот театар“, порачува Розга.

Во организација на Евентум продукција концертот се најавува како уште една спектакуларна летна ноќ под охридското небо, исполнета со љубов, емоции, безвременски хитови и атмосфера каква што само Јелена Розга знае да создаде.

Билетите се во продажба преку e-ticket.mk и веќе се во ограничен број, затоа доколку сѐ уште не сте го обезбедиле вашето место, ова е последниот повик да бидете дел од една од најочекуваните музички вечери што Охрид долго ќе ја памети.

Поврзани вести