
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Иран „моли за договор“, а доколку не биде подготвен да постигне договор Техеран „ќе ја плати цената“.
Иран моли за договор. Се чини дека Иран не е подготвен да постигне договор и за тоа ќе плати цена. Цената што ќе ја плати Иран ќе биде сè поголема и поголема секоја вечер, сè додека не се вразумат, наведе Рубио на маргините на Самитот на Асоцијацијата на нации во од Југоисточна Азија што се одржува во главниот град на Филипини, Манила.
Тој додаде дека е уништена индустриска инфраструктура, а Иран претрпел штета од „милијарди“ долари.
Рубио се осврна и на ситуацијата во Јемен, истакнувајќи оти бунтовниците Хути „се излажани од Иран“ и дека ќе придонесат за смирување на тензиите.
Тој одговарајќи на новинарско прашање за најавениот договор со Саудиска Арабија за соработка во областа на цивилната нуклеарна енергија, посочи дека по официјалното објавување документот мора да помине процедура за известување на американскиот Конгрес.
Овогодишниот Самит на АСЕАН се одржува во Манила од 20 до утре на тема „Заедно да ја управуваме нашата иднина“. Како клучни приоритети се наведени подобрување на регионалната безбедност, финализирање на „Кодексот на однесување во Јужно Кинеско Море“, забрзување на Рамковниот договор за дигитална економија на АСЕАН (ДЕФА) и одбележување на 50-годишнината од Договорот за пријателство и соработка. На Самитот учествуваат делегации од сите 11 земји-членки, како и партнери од САД, Индија, Канада, Русија, Кина, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија и Европска Унија.(МИА)

Македонски


