Skip to main content

Перински: Пред мене е голема одговорност

Владата на вчерашната седница, на предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, го именуваше Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување. Денеска, на примопредавањето на функцијата, како што сподели Перински, со Клековски разговарале за состојбите во Фондот за здравствено осигурување, тековните активности и обврските што следуваат во наредниот период.

Пред мене е голема одговорност. Фондот е една од клучните институции во здравствениот систем и мојата цел е со посветена работа, добар тим и јасни приоритети да придонесеме за поефикасни услуги и поголема сигурност за осигурениците.
На д-р Клековски му посакувам успех во извршувањето на функцијата министер за здравство, сподели Перински.

Поврзани вести