Skip to main content

Дали е заслужено? Родри e најдобриот играч на СП

Шпанскиот играч од средниот ред Родри е прогласен за најдобар играч на Светското фудбалско првенство 2026 година во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Триесетгодишниот фудбалер не успеа да постигне гол во осум натпревари на турнирот. Во финалето, Шпанија ноќеска ја победи Аргентина со 1:0 по продолженијата.

Родри претходно го освои Европското првенство во 2024 година и Лигата на нации 2022/23 со Шпанија. Тој постигна четири гола и имаше две асистенции во 70 натпревари за националниот тим. Родри го имаше своето деби за националниот тим во 2018 година.

Родри стана 11-тиот фудбалер кој ја освои Златната топка (наградата за најдобар фудбалер во календарската година), Светското првенство и Лигата на шампионите.

Поврзани вести