Skip to main content

Македонија првпат дел од 12 Punto Meetings во Истанбул

Фејсбук профил на Агенција за филм

Во рамки на 12 Punto Meetings, организирани од страна на TRT Cinema и платформата Tabii, за првпат официјална делегација од Македонија учествуваше на овој престижен меѓународен филмски настан, објави Агенцијата за филм на социјалните медиуми.

По директна покана од директорот на TRT Cinema, Faruk Güven, на настанот присуствуваа Сашко Мицевски, директор на Агенцијата за филм и неговиот советник, Стефан Ѓиноски.

12 Punto Meetings претставува една од најзначајните регионални платформи за развој на филмски проекти, копродукции и воспоставување меѓународни партнерства, каде се презентираат нови филмски проекти во развој и се создаваат можности за соработка меѓу продуценти, автори, филмски институции и индустриски професионалци од повеќе земји.

Присуството на македонската делегација има за цел отворање нови можности за копродукции помеѓу Македонија и Турција, како и промоција на потенцијалите на македонската кинематографија пред меѓународните партнери.

Како филмски експерт од Македонија, на програмата учествуваше и реномираната продуцентка Лабина Митевска, која со своето долгогодишно меѓународно искуство даде значаен придонес во дискусиите и професионалните средби.

Учеството на македонските претставници претставува важен чекор кон продлабочување на институционалната и професионалната соработка со TRT, Tabii и меѓународната филмска индустрија, со цел создавање нови можности за развој и реализација на заеднички филмски проекти.

Поврзани вести