
Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Белград на 20 јули во 20,30 часот организира концерт во чест на Нина Спирова, под наслов „Еден бакнеж за Нина“. Спирова (1938-2020) беше една од најголемите македонски интерпретаторки на сите времиња, како на забавни мелодии така и на народни песни.
Одбележа цела една ера во македонската и во музиката на поранешната југословенска заедница, оставајќи неизбришливи траги со нејзиниот глас и нејзините безвременски хитови. Дел од тој музички опус ќе го оживеат повторно во нашиот КИЦ во Белград на 20. јули во 20:30, Александар Стоименовски (интерпретатор) и проф. Сава Милетиќ (клавијатура), велат од КИЦ Белград.

Македонски



